По слободниот викенд, лидерот во шампионот, Струга Трим Љум им се враќа на домашните обврски и ја продолжува битката за историската титула. Момците на Дуро на свој терен ќе го пречекаат тимот на Тиквеш, ривал против кој имаат само една победа на последните пет соочувања. Но, денес се очекува Струга да ја оправда улогата на фаворит и да прокнижи нови три бода.

Екипата која што е во најдобра форма во овој дел од сезоната, Шкендија заостанува само три бода зад водечката Струга, а „црвено-црните“ победничката серија посакуваат да ја продолжат и по натпреварот со незгодниот Силекс, кој се бори за нов излез во Европа.

Шкупи, пак, кој речиси е без шанси за одбрана на титулата по ремито со Тиквеш попладнево враќање на победничките патеки ќе брка против Брегалница, која е во сигурната зона на табелата и во „Чаир“ ќе истрча растеретена од притисок за победа.

Победа има нова тешка задача затоа што пред себе ја има Академија Пандев, екипа која што исто така се бори за опстанок, па така бодовите во Струмица ќе бидат од круцијално значење за двете екипи. Победа е на последното место со само 13 бода, шест помалку од Скопје, кој е во бараж-зоната, додека над нив е Академија Пандев со 23 бода.

Во последниот натпревар од денешната програма од 29. коло во ПМФЛ ќе се сретнат екипите на Македонија ЃП и Скопје, додека слободен е тимот на Работнички./Gol.mk/