Средби на претседателот на Собранието во рамки на посетата на Украина

Претседателот на Собранието Јован Митрески, кој престојуваше во Украина по повод двегодишнината од руската агресија, остварил средби со неколку државници, соопшти собраниската прес-служба.

Вчера во Кијив, Митрески остварил средба со Валериј Зуб, претседател на Групата на Врховната рада на Украина за меѓупарламентарна соработка со Република Северна Македонија.

На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, двајцата соговорници изразиле задоволство што во изминатите години во голема мера била унапредена соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Врховната Рада на Украина. На средбата, како што се посочува, се разговарало и за можностите за унапредување на меѓупарламентарната соработка, а особено соработката меѓу двете парламентарни групи за соработка, кои и досега биле активни со бројни остварени средби и меѓусебни посети.

На специјалната седница на Врховната рада на Украина, Митревски остварил поздравна средба и со премиерот на Белгија, Александер де Кроу.

Во рамки на посетата на Украина, Митрески остварил посета и на Кијивско-печерската Лавра и положил цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски.