Литванската влада одобри воведување вонредна состојба во регионите кои граничат со Белорусија.

Advertisements

– Одлуката е донесена земајќи го предвид влошувањето на ситуацијата во пограничниот регион, поради што е доставена на одобрување до парламентот, изјави литванската премиерка Ингрида Симонита.

Според предлогот на литванското Министерство за внатрешни работи, вонредната состојба ќе стапи во сила на 10 ноември на полноќ во пограничната област и на пет километри од таа област, како и на места за мигрантите од африканските и азиските земји кои влегле Литванија преку Белорусија.

Предложено е овој режим да трае еден месец.

Прикажи повеќе