Протекувањето на доверливи воени документи кои беа објавени на социјалните мрежи ги вознемири американските служби, кои се обидуваат да го идентификуваат изворот за кој некои безбедносни експерти се сомневаат дека може да биде некој од САД.

Advertisements

Официјални лица рекоа дека опсегот на темите опфатени во документите, од војната во Украина до прашањата поврзани со Кина, Блискиот Исток и Африка, укажуваат на Американец, а не на сојузник.

„Сега фокусот е дека ова е американско протекување бидејќи голем број документи ги поседувале само САД“, изјави за Ројтерс поранешниот висок функционер на Пентагон, Мајкл Малрој.

Американските власти рекоа дека истрагата, која сè уште е во рана фаза, не ја исклучува можноста проруските елементи да се поврзани со протекувањето на документот, што се смета за најсериозно нарушување на безбедноста од 2013 година, кога повеќе од 700 000 документи беа објавени на Викиликс.

Двајца американски функционери, вчера изјавија заРојтерс дека не ја исклучуваат можноста документите да се фалсификувани за да се доведат во заблуда истражителите или да се шират лажни информации против САД.

По протекувањето на документите, Ројтерс пренесува дека прегледале повеќе од 50 документи означени како „Тајна“ и „Топ тајна“ кои првпат се појавија минатиот месец на веб-страниците на социјалните медиуми.