Русија минатата ноќ лансирала 28 дронови и 3 крстаречки ракети над украинска територија

Русија минатата ноќ лансираше 28 беспилотни летала и три крстаречки ракети на украинска територија. Украинската противвоздушна одбрана уништи 21 од беспилотните летала, соопштија украинските воздухопловни сили.

Тие додадоа дека Русија главно гаѓала цели во јужна и источна Украина, пренесува МИА.

Украинското воздухопловство не прецизираше што се случило со трите руски крстосувачки ракети.