Првиот напаѓач на Украина, фудбалерот на Клуб Бриж, Роман Јаремчук, ќе ги пропушти квалификациските натпревари против Македонија (16 јуни) и Малта (19 јуни).
Jаремчук има проблеми со повредите оваа сезона, а бидејќи не успеа да се рехабилитира од последната, нема да биде со репрезентацијата. На неговото место е повикан фудбалерот на Зорја Луганск, Назариј Русин. Претстојните два квалификациски натпревари на Украина ќе ги пропушти и фудбалерот на Арсенал, Олександар Зинченко. Покрај овие двајца, неизвесен е и настапот на левиот бек на Евертон, Виталиј Михоленко.
Украина подготовките за натпреварите со Македонија и Малта ќе ги запоне на 8 јуни во Бремен. Четири дена подоцна Украинците ќе одиграат контролен натпревар со Германија./Makfax