Романскиот екстремно десничарски лидер полага право на украинските региони и Молдавија

Руската ултранационалистичка рамка на концептот на рускиот свет (Руски Мир) се чини дека доби на сила меѓу националистичките европски фракции како што се применува на нивните националистички идеологии, а актерите на рускиот информативен простор веројатно се обидуваат да ја искористат оваа идеолошка насока за да „набијат клин“ меѓу Украина и нејзините европски соседи,

Како што објави ЦИВИЛ МЕДИА, не помина многу време од „прогласот“ на Путин и свитата, а ултра деничарските лидери во украинското соседството веќе си ги покажаа „роговите“.

Клаудиу Тарзиу, еден од лидерите на романската екстремно десничарска партија Алијанса за Унијата на Романците (AUR), рече дека неговата земја треба да се „повторно обедини“ со Молдавија и украинските погранични региони Бесарабија, Северна Буковина и Закарпатија, објави онлајн-издавачот G4Media на 27 јануари.

„Ние нема да бидеме вистински суверени додека не ја обновиме романската држава во нејзините природни граници“, рече Тарзиу за време на говорот во Јаши минатата недела.

„Бесарабија мора да се врати дома. Северна Буковина не може да се заборави, јужна Бесарабија… Транскарпатија (Закарпатија), сè што било и е дел од романската нација мора да се врати на нејзините државни граници.

Областа Закарпатија е најјугозападниот регион во Украина со значајни унгарски и романски етнички малцинства. Историскиот регион Северна Буковина е дел од денешната украинска област Черновци, додека Бесарабија опфаќа Молдавија и делови од областите Черновци и Одеса, пишува Кијив индипендент. Истовремено, Украина е дом на околу 150.000 етнички Романци.

„Нашата цел е Романија да биде една од водечките земји во светот“, рече Тарзиу.

Опозициската партија АУР работи на екстремно десничарска, популистичка платформа, при што национализмот и романскиот иредентизам се заеднички компоненти на нејзината реторика.

Драган Мишев

Целиот текст прочитајте го ТУКА