Река: Еди Рама повеќе пати ја има повторено поддршката и помошта за Украина

Покрај земјите од Европската унија, Соединетите американски држави и членките на НАТО нашиот регион беше силно наклонет да стои покрај Украина и својот народ, рече амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река на големата конференција под наслов „Украина – две години хероизам“, организирана од Амбасадата на Украина во соработка со македонската граѓанска организација ЦИВИЛ – Центар за слобода.

„Премиерот на Албанија Еди Рама повеќе пати го има повторено поддршката и помошта за Украина. Заедно со председателот на Укаина, Зеленски ќе организираат Југоисточен самит кој што ќе се оддржува во Тирана, а ќе биде поддржана од сите земји од Западен балкан и САД“, рече Река.

Тој рече дека ова ќе биде битна можност да се разбуди солидарноста за Украина и силно да се осуди агресијата, да се обнови поддршката за зачленувањето на Украина во НАТО и пост-воената реконструкција на Украина.