Северна Кореја соопшти дека нејзиниот втор обид да лансира извидувачки сателит денеска не успеа и најави дека третиот обид ќе биде во октомври.

Севернокорејската новинска агенција КЦТА јави дека лансирањето не успеало поради грешка за време на една од трите фази од летот на ракетата.

Претходно, армијата на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала проектил со долг дострел, најверојатно вселенска ракета.

Првиот обид на Северна Кореја да лансира ракета-носач со извидувачки сателит во мај пропадна откако ракетата падна во морето набргу по лансирањето.

Прикажи повеќе