Ирската пејачка Шинејд О’Конор почина на 56-годишна возраст. Нејзината смрт е потврдена од „Ајриш тајмс“, а причината сè уште не е откриена.

Пејачката се стекна со меѓународна слава по објавувањето на нејзиниот прв албум, „The Lion and the Cobra“, во 1987 година. Потоа, следеше уште поуспешен втор албум со наслов „I Do Not Want What I Haven’t Got“.

Во 1990 година нејзината слава беше уште поголема, откако ја изведе легендарната преработка на песната „Nothing Compares 2 U„ на Принс, која пејачот ја објави во далечната 1985 година со неговата група „Д Фемили“.

Во текот на нејзината кариера, О’Конор беше отворена за нејзиното духовно патување, активизам, политички ставови, како и за нејзините борби со менталното здравје. Таа го промени своето име во Шухада Садакат во 2018 година, откако се одлучи да премине во ислам.

Веста за нејзината смрт е по долгогодишната борба со менталното здравје и 18 месеци по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн.

Прикажи повеќе