Полската влада во заминување објави дека Брисел ја одобрил првата исплата на средства за закрепнување на Полска, што претходно беше суспендирана поради прекршување на владеењето на правото во земјата.

„ЕК во вторникот даде позитивно мислење за ревидираниот фонд за закрепнување. Полска наскоро ќе добие 20 отсто од оваа сума во форма на аванс, односно повеќе од пет милијарди евра“, се наведува во соопштението на полското Министерство за регионална политика.

Одлуката ја објавија популистичките националисти од партијата Право и правда (ПиС), кои долго време не се согласуваа со Брисел за контроверзната реформа на правосудниот систем.

Прикажи повеќе