По наредба на европското јавно обвинителство (ЕППО), полицијата упадна во Министерството за култура на Хрватска и во тек е претрес на простории, компјутери и одредени лица поврзани со штети нанесени на европските фондови, јавуваат хрватските медиуми.

Според загрепски „Јутарњи лист“, претресот следел откако ЕППО покренала постапка против челниците на Геодетскиот факултет осомничени за проневера на европски фондови.

Нема потврда дали овие активности на полицијата се поврзани со малверзации за кои веќе се осомничени челниците на Геодетскиот факултет.

Според досегашните податоци, никој не е уапсен, но, како што се наведува, истражителите сакаат да добијат податоци, пред сѐ и-мејл кореспонденција и мобилни уреди на одредени лица, кои досега не ги собрале.

Прикажи повеќе