Во четвртата по ред ноќ на насилни протести повредени се 200 полицајци, а приведени се околу 300 демонстранти. Дел од градоначалниците бараат владата да прати нови сили за справување со насилствата

Синоќа, најтензично било во Марсеј. Насилства и кражби се регистрирани и во Париз, Лион, Тулуз, Стразбур и Лил, иако на улиците на француските градови беа распоредени 45 000 полицајци помогнати од оклопни возила и хеликоптери. Во центарот на Марсеј, демонстрантите ограбиле продавница за оружје, но не успеале и да дојдат до муницијата. Градоначалникот на Mарсеј, Беноа Пајан, ја повика владата веднаш да испрати дополнителни единици за справување со немирите.

Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманен, објави дека синоќа биле приведени 270 лица, со што вкупниот број на уапсени во изминатите четири дена достигна над 1 100. Toj побара од локалните власти да го запрат јавниот превоз по 21 часот – не ја исклучи можноста и за воведување вонредна состојба.

Немирите во Франција избувнаа отако во вторникот полицаец во париското предградие Нантер со пиштол уби 17 годишно момче.

Прикажи повеќе