Самуел Чуквуезе одигра фантастичен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“, постигнајќи два прекрасни гола и го предводеше Вилјареал до победа од 2:3 против Реал Мадрид. 22-годишниот нигериски интернационалец толку многу го импресионирал претседателот на Реал, Флорентино Перез, што тој побарал веднаш да биде доведен меѓу „кралевите“.

Advertisements

По натпреварот, Флорентино Перез им ја пренел својата идеја на челниците на Вилјареал дека е подготвен да го доведе Чуквуезе и би можел да понуди 50 милиони евра.

Нигериецот импресионираше со брзината и со реализацијата, а „кралевите“ сметаат дека тој би бил одлиќно оружје за следната сезона, заедно со Винисиус Жуниор.

Чуквуезе оваа сезона одигра 40 натпревари за Вилјареал, постигна 13 гола и асистираше 11 пати./Макfax

Прикажи повеќе