САД вчера соборија вооружено турско беспилотно летало кое оперирало во близина на нивните војници во Сирија, соопшти Пентагон, што е прв пат Вашингтон да собори летало на НАТО сојузникот Турција.

Претставник на турското Министерство за одбрана рече дека дронот што бил соборен не припаѓа на турските вооружени сили, но не кажа чија сопственост е.

„Турската Национална разузнавачка агенција изврши напади во Сирија врз цели на курдските милитанти по бомбашкиот напад во Анкара минатиот викенд“, изјави турски безбедносен извор.

Прикажи повеќе