Папата Франциск од денеска престојува во тридневна посета на Унгарија, што е прва ваква посета откако пред десет години стана поглавар на Католичката црква.

Папата не ја посети Унгарија поради строгата антиимигрантска политика на премиерот Виктор Орбан, која е во спротивност со ставовите на Франциск (86), кој се залага за сочувство кон бегалците.

Повод за посетата, покрај поддршката за католичката заедница во Унгарија, е и војната во Украина.

Унгарија дели 134 километри граница со Украина, но за разлика од другите лидери на Европската унија (ЕУ), Орбан одби да му даде воена поддршка на Киев и одржува врски со рускиот претседател Владимир Путин.

„Ова ќе биде и патување до центарот на Европа, над кој сè уште дуваат ледените ветришта на војната“, рече папата пред посетата на Унгарија.

Прикажи повеќе