Остин: Пораз на Украина би довел до војна на НАТО со Русија

Пораз на Украина би довел до војна на НАТО со Русија, изјави шефот на Пентагон на синоќешното сослушување во американскиот Конгрес.

На сослушување во Комитетот за оружени сили при Претставничкиот дом, Остин изрази увереност дека претседателот на Русија Владимир Путин „нема да запре“ во обидите „да ги заграби суверените територии на своите соседи“.

Според него, балтичките земји се длабоко загрижени дали тие ќе бодат следните.

-Тие гo знаат Путин, знаат на што е тој способен. И, искрено говорејќи, ако Украина претрпи пораз јас навистина сметам дека НАТО ќе војува со Русија, истакна тој.

Шефот на Пентагон повика да се продолжи со поддршката за Кијив. Од негова гледна точка, во спротивно, НАТО „ќе застане на многу опасен пат“.

-Нашите сојузници се вознемирени од сигналот што го испраќаме не давајќи поддршка на Украина. Тоа исто така го поткопува моралот на украинската војска, изјави Остин предупредувајќи дека во случај на пораз на Украина се отвора прашањето за тоа „дали САД може да се сметаат за сигурен партнер и сојузник“.