Се ближи почетокот на Европското првенство во одбојка, а Скопје е еден од домаќините на групната фаза. Македонската машка одбојкарска репрезентација вчера во салата „Јане Сандански“ го одржа последниот тренинг и се пресели во Кавадарци каде ќе одигра контролни натпревари против Израел и Јапонија пред претстојниот старт на Европското првенство.

Во салата „Јасмин“ од четврток до недела, љубителите на одбојката ќе имаат можност да гледаат по еден натпревар дневно, а македонската репрезентација ќе одигра три во четирите денови на овој контролен турнир.

Македонските одбојкари в четврток ќе играат против Израел со почеток од 20:00 часот, по што следува делот против Јапонија во истиот термин в петок и реваншот против јапонската репрезентација в недела, исто така, од 20:00 часот.

Овие контролни средби ќе бидат значајни за македонскиот национален тим да ја подобри формата пред настапот на третиот континентален собир за нас – Европското првенство во Скопје од 30 август до 6 септември./Gol.mk/

Прикажи повеќе