Обновени 17 илјади објекти оштетени од Русите во регионот на Кијив

Речиси 17 илјади  оштетени објекти од руските напаѓачи веќе се обновени во регионот на Кијив, напиша во своја објава на Фејсбук,  Руслан Кравченко, шеф на регионалната воена управа, пренесува Укринформ.

Според него, „непријателот продолжува да го напаѓа регионот на Кијив. Затоа, бројот на оштетени објекти расте. Бројката е искачена на 29 илјади“.

Тој истакна дека реконструкцијата е во тек. Приоритет е да се вратат домовите во првобитна состојба.

„Заедно со заедницата Ирпин веќе ремонтиравме 31 приватна куќа спроти станбениот комплекс „Ирпински липки“. Градиме уште 30 куќи од почеток. Повеќе од 300 луѓе останаа без покрив над глава на улицата Бахирова поради руските окупатори. Некои од нив веќе се вратија дома“, потенцира првиот човек на РВУ.

Тој напиша дека спроведувањето на антикорупциските мерки во регионот продолжува. Групата „Транспарентност и отчетност“, со учество на службеници за спроведување на законот, ги посети сите седум области во регионот на Кијив. Се изработува план за понатамошна заедничка проверка на градежните проекти“.

Како што објави Укринформ, во селото Михаиливка-Рубеживка во областа на Кијив е реконструиран стар студентски дом за да се сместат внатрешно раселените лица.

Подготви: Марта Пешевска