Најмалку 23 лица се повредени во тајфунот Лан кој вчера го зафати западниот дел на Јапонија и стигна до полуостровот Кии.

Поројните дождови предизвикани од невремето создадоа хаос во воздушниот и железничкиот транспорт токму за време на празниците, јавија јапонските медиуми.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека поради силниот дожд, владата на префектурата Тотори прогласи највисоко ниво на вонредна состојба за нејзините околу 180 илјади жители.

Прикажи повеќе