Молдавија протера руски дипломат поради отворање избирачки места во Транснистриа

Молдавија протера руски дипломат поради отворање избирачки места за претседателските избори во Русија во нејзиниот отцепен регион Транснистриа(Приднестовје), соопштија од Министерството за надворешни работи откако во вторникот го повика рускиот амбасадор, според Гардиан.

Од министерството  протестираа поради отворање избирачки места во Транснистриа, проруска енклава која се одвои од Молдавија во времето на распадот на Советскиот Сојуз.

Во претходни изјави од молдавската влада, потегот на Русија е наречен непочитување на суверенитетот на Молдавија.

Транснистриа, која граничи со Украина на исток, ја задржа автономијата од Молдавија веќе три децении со поддршка од Русија.

Откако Москва го започна својот целосен напад врз Украина, властите во Чисинау, главниот град на Молдавија, се загрижени дека Кремљ би можел да ја искористи Транснистриа   за  отворање нов фронт на југозапад, во правец на Одеса, пренесе Гардиан.

Д. Т.