Авторитарниот белоруски лидер Александар Лукашенко вели дека неговата војска не учествува во рускиот напад на Украина, кој беше започнат на 24 февруари, објавија државните медиуми.

„Нашите вооружени сили не учествуваат во оваа операција“, рече Лукашенко кој е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Москва стационираше илјадници војници во Белорусија и неодамна во земјата учествуваше во воени маневри со околу 30.000 војници.

Вежбите требаше да завршат оваа недела, но беа продолжени пред рускиот напад врз Украина.

Многу западни лидери рекоа дека вежбите се користат за покривање на руските намери пред нападот врз Украина.

Прикажи повеќе