
Maкедонската ракометна репрезентација вечерва го има последното гостување во квалификациите за следното Европско првенство.
Наш противник во квалификациската група ќе биде Луксембург, селекција која што во Скопје ја совладавме убедливо и на еден начин го трасиравме патот кон континенталниот собир. Селекторот Кирил Лазаров го одреди составот за вечерашната средба и остави двајца ракометари на трибини, бекот на Еурофарм Пелистер, Павле Атанасијевиќ и Давид Савревски од Алкалоид.
Натпреварот меѓу Луксембург и Македонија започнува од 20:15 часот. На првата средба нашата селекција славеше со убедливи 38-24./Gol.mk/