Кинеските здравствени власти денеска предупредија дека главниот град Пекинг се соочува со нов, силен бран на случаи на Ковид-19, а истото се случува и во голем дел од земјата, јави ДПА.

На училиштата во некои делови од земјата им е кажано да преземат мерки на претпазливост.

Водечкиот кинески епидемиолог Жонг Наншан очекува околу 65 милиони нови случаи на коронавирус неделно на крајот на јуни, кога очекува бранот да го достигне врвот, јавуваат државните медиуми. Жонг проценува дека сега има околу 40 милиони случаи неделно.

Експертите сметаат дека меѓу 80 и 90 отсто од сите 1,4 милијарди Кинези биле заразени во бранот на коронавирус во декември и јануари, но нивото на имунитетот сега се смета дека е намалено.

Прикажи повеќе