Кина денеска соопшти дека го протерува канадскиот конзул во Шангај, откако Канада објави дека испраќа дома кинески дипломат обвинет дека се обидел да заплаши канадски пратеник кој го критикуваше Пекинг.

Министерството за надворешни работи на Пекинг ја означи Џенифер Лин Лалонде како „персона нон грата“, се наведува во соопштението објавено на официјалната веб-страница, при што се додава дека „Кина го задржува правото да реагира понатаму“.

На Лалонде и беше кажано да ја напушти Кина до 13 мај.

„Кина силно го осудува и цврсто се спротивставува на ова и врачи демарш и протестна нота за Канада“, се вели во соопштението, алудирајќи на одлуката на Отава да протера кинески дипломат од Торонто.

„Како реакција на бескрупулозниот потег на Канада, Кина одлучи да ја прогласи Џенифер Лин Лалонде, конзул на Генералниот конзулат на Канада во Шангај, за персона нон грата. Кина го задржува правото дополнително да реагира“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе