Колумбиската ѕвезда Хуан Квадрадо по осум години си замина од италијанскиот великан Јувентус, најавија „Газета дело Спорт“ и „Скај Италија“ откако одбил да потпише нов договор, кој „Старата Дама“ годинава му го понудил.

Квадрадо во Јувентус дојде во 2015 година прво на заем од Челси, а после две години во 2017 година Јувентус го откупи неговиот договор и во овие осум години собра 314 настапи за „Старата Дама“ во кои даде 26 гола.

Според најавите, турски Фенербахче или шпанска Севилја се потенцијалната нова дестинација на 35-годишниот крилен напаѓач, кој за Јувентус играше и како десен бек. Квадрадо има 113 настапи за Колумбија и 10 гола за националниот тим.

Прикажи повеќе