Кина одби да коментира каде се наоѓа нејзиниот министер за одбрана, и покрај се поголемиот број прашања за неговата судбина еден месец откако тој последен пат беше виден во јавноста. Портпаролот на Министерството за одбрана, Ву Чиан, рече дека „не е запознат со ситуацијата“ на прашањето дали министерот Ли Шангфу е под истрага.

Исчезнувањето на Ли следи по серијата необјаснети кадровски промени што го потресоа врвот на владејачката Комунистичка партија во Кина ова лето, вклучително и смената на поранешниот министер за надворешни работи Чин Ганг во јули. Пекинг, исто така, најави отстранување на двајца генерали на чело на Ракетните сили на Народноослободителната армија, воениот огранок што го надгледува арсеналот на нацијата на нуклеарни и балистички ракети.

Прикажи повеќе