Индија е на пат да влезе во историјата со тоа што ќе стане првата земја која успеале да изврши „меко“ слетување на јужниот пол на природниот сателит на Земјата – Месечината, пренесуваат светските медиуми.

Една од последните слики што ги испрати лунарниот модул „Викрам“ на пат кон Месечината / Извор: ИСРО
Индискиот вселенско летало „Чандрајан 3“ е на пат кон Месечината и треба да го почне спуштањето денеска неколку минути по 18 часот по индиско, односно 14 часот по македонско време.

Движејќи се кон Месечината, вселенското летало прави и испраќа фотографии од својата патека.

Една од главните цели на мисијата е да собере податоци кои треба да дадат одговор на претпоставките на научниците дека на јужниот пол има мраз, кој во иднина би можел да поддржи човечки живот на Месечината, пишува Би-би-си.

Ако мисијата „Чандрајан 3“ биде успешна, Индија, покрај Соединетите Американски Држави, поранешниот Советски Сојуз и Кина, ќе биде четвртата земја кој извршила меко слетување на природниот сателит на Земјата.

Прикажи повеќе