Земјоделци блокираа премини на границата меѓу Белгија и Холандија, белгискиот премиер повика на отстранување на блокадите

Белгиски и холандски земјоделци од утрово блокираа неколку гранични премини меѓу Белгија и Холандија, во знак на протест против, според нив, високите даночни оптоварувања, зголемените трошоци, евтиниот увоз на прехранбени производи од трети земји и сложените бирократски процедури.

Белгискиот весник „Соар“ објави дека од утрово од околу 6:30 часот групи земјоделци блокирале неколку автопати во Холандија кои водат кон Антврепен, најголемото пристаниште во Белгија и второ по големина во ЕУ.

Во Фландрија, покрај блокираните премини на белгиско-холандската граница, продолжува и блокадата на пристапите до пристаништето Зибриж, каде според државната Фламанска телевизија (ВРТ), се заглавени речиси 2.000 камиони, а блокирани се и автопатите Е19 кај Мер и Е34 кај Постел, како и патот А12 кај Зандвлит.

Според белгиската федерална полиција, во бриселскиот регион и денеска е блокирана обиколницата околу Брисел и тоа кај местата От-Итр, Бивел и Хал, како и автопатот Е19 во близина на Уден-Гоњи, а блокирани се и неколку патни правци во провинциите Брабант, Луксембург и Хено во Валонија.

Белгискиот премиерот Александер Де Кро претпладнево ги повика земјоделците да ги отстранат блокадите на патиштата, откако нивни делегации вчера одржаа неколку средби со претставници на властите на Белгија и на ЕУ.

– Сигналот е испратен. Го добивме и на федерално и на европско ниво. Денеска на ред ќе дојде и фламанската Влада. Постои посветеност да продолжиме да работиме заедно во следните недели. Мислам дека дојде време да се отстранат бариерите, изјави Де Кро за ВРТ-Радио.

Во Белгија максималната казна за силување на возрасно лице е пет години затвор доколку нема „отежнувачки околности“.

Во Белгија максималната казна за силување на возрасно лице е пет години затвор доколку нема „отежнувачки околности“.

Тој нагласи дека белгиската Влада се решила на разговори со земјоделците и покрај идеите да се дејствува со сила за отстранување на земјоделските блокади, бидејќи, како што оцени, евентуална конфронтација не би водела кон ништо.

Според него, земјоделците сакаат брзи решенија, но „некои работи се сложени и за нив е потребно време“.

– Дијалогот дава резултати. Гледам дека блокадите на патиштата се помалубројни. Во последните часови, по разговорите, се деблокирани и неколку дистрибутивни центри. Тоа се случува и околу пристаништата, додаде Де Кро.

Инаку, покрај блокадите на патните правци, белгиските земјоделци изминативе денови блокираа и неколку дистрибутивни центри на синџирите супермаркети „Колрајт“, „Лидл“, „Алди“ и „Делез“, што предизвика проблеми со снабдувањето на нивните продавници ширум Белгија.

Белгиските земјоделци денеска продолжија со блокада на неколку локации и патни правци во земјата, вклучително и на плоштадот Меус во центарот на Брисел, недалеку во зградата на Европскиот пар

Белгиските земјоделци денеска продолжија со блокада на неколку локации и патни правци во земјата, вклучително и на плоштадот Меус во центарот на Брисел, недалеку во зградата на Европскиот пар

Белгиските земјоделци бараат намалување на административното оптоварување и олабавување на европските еколошки политики, со цел, како што тврдат, да му се овозможи на земјоделскиот сектор да биде „вистински економски, еколошки и социјално одржлив“.

Според земјоделските асоцијации, потребно е „итно вистинско поедноставување на административните процедури“, „длабинска“ ревизија на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, како и спроведување на „економска, еколошка и социјална проценка од страна на Европската комисија за последиците од сите закони и ограничувања што таа ги воведе во земјоделството во последните години“.

Покрај ова, тие бараат и компензација за „сите ограничувања“, субвенции за покривање на зголемените трошоци како последица на инфлацијата, ограничување на слободниот увоз на земјоделски производи од трети земји што не ги исполнуваат стандардите што важат за продуктите од ЕУ, како и олеснет пристап до земјоделско земјиште.