Украина „ќе биде дел од Европската Унија“, изјави нејзиниот претседател Володимир Зеленски пред објавувањето на извештајот за напредокот на Украина, која има статус на кандидат за прием во членство во Унијата.

„Утре е важен ден“, кажа тој синоќа во своето редовно обраќање со некаква порака до сонародниците, оценувајќи го за „историски“ извештајот што денеска ќе биде официјално објавен.

Европската Комисија денеска ќе ја објави својата оценка за состојбата на напредокот на голем број земји кандидати и ќе одлучи дали да ги отвори пристапните преговори со Украина, Молдавија и Грузија, што ќе биде потврдено на самитот на ЕУ во Брисел во средината на декември.

Прикажи повеќе