Загинати цивили, меѓу кои и деца во руските напади врз станбени блокови во Одеса, Херсон, Донецк

Руско беспилотно летало погоди високата станбена зграда во Одеса, при што загинаа 12 лица, меѓу кои пет деца, и беа повредени 20 лица, меѓу кои и една бремена жена., додека еден цивил беше убиен во регионот Херсон, а 19 цивили беа повредени во регионот на Доњецк во текот на изминатиот ден како резултат на руско гранатирање.

„Вкупно 20 лица се повредени, меѓу кои и една трудница. Во моментов, три лица се хоспитализирани, од кои две се на одделението за интензивна нега во тешка состојба и едно во умерена состојба се лекува во одделението за траума“, објави Министерството за здравство при регионалната државна управа на Одеса на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Руско беспилотно летало ја погоди високата станбена зграда, при што загинаа 12 лица, меѓу кои пет деца: четиримесечната Тимофиј, седуммесечната Лиза, тригодишниот Марк, осумгодишната Злата и Серхиј. кој во јули требаше да наполни 10 години.

Како што претходно објави Укринформ, спасувачките операции на местото на рускиот удар врз станбена зграда во Одеса се завршени.

Еден цивил беше убиен во регионот Херсон во текот на изминатиот ден како резултат на руско гранатирање. Погодени се критичната инфраструктура и образовните институции, изјави Олександр Прокудин, шеф на Регионалната воена управа на Херсон во објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Според него, непријателот изминатиот ден пукал кон Садове, Велетенске, Кизомис, Понијативка, Антонивка, Степанивка, Зеленивка, Берислав, Михаиливка, Дудчани, Томина Балка, Саблукивка, Качкаривка, Козатске, Веселе и градот Херсон.

Руската војска погоди станбени населби, оштетувајќи 9 станбени блокови и 16 приватни куќи.

Во градот Херсон, административни згради беа оштетени од гранатирање.

Како што пренесува Укринформ, на 3 март, 19 цивили беа повредени во регионот на Доњецк од страна на руските агресори, објави на Фејсбук Вадим Филашкин, началникт на регионалната воена управа на Доњецк. Во рускиот напад врз Курахове во областа Доњецк, 16 лица се ранети  од кои двајца се во тешка состојба.

„На 3 март Русите ранија 19 жители на регионот Доњецк: 16 во Курахове и тројца во Покровск“, рече Филашкин.

Вкупниот број на цивилни жртви во регионот на Донецк не ги вклучува податоците од Мариупол и Волноваха, нагласи регионалниот гувернер.

Драган Мишев