Жорге Жесус минатата сезона го предводеше Фенербахче, со кој на крајот не успеа да ја освои титулата турски шампион. Тој реши да не го продолжи договорот, а на негово место дојде Винченцо Монтела. Причината е јасна, бидејќи Жесус потпиша договор со Фудбалската Федерација на Саудиска Арабија и ќе стане селектор на оваа селекција.
Според договорот, тој ќе биде најплатениот селектор во светот бидејќи ќе заработува 10 милиони евра годишно. Зад него е селекторот на Германија, Ханси Флик, кој заработува 6,5 милиони евра.
Жорге Жесус во кариера водеше голем број екипи како Бенфика, Фламенго, Ал-Хилал, Спортинг Лисабон, Брага