ЕУ ќе санкционира 30 Руси поради смртта на Алексеј Навални, имињата ќе бидат дополнително соопштени

Земјите на ЕУ ќе воведат санкции за 30 руски функционери поради смртта на водечкиот критичар на Кремљ Алексеј Навални, изјави шефот за надворешна политика на блокот.

„Се договоривме за санкции за одговорните за убиството на Алексеј Навални“, изјави Жосеп Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Навални, најистакнатиот руски опозициски лидер, почина во арктичкиот затвор во февруари, каде што беше издржуваѓе казна во тешки услови.

Официјални лица рекоа дека Европската унија ќе ги следи Соединетите Држави и Велика Британија во воведувањето забрани за патување и замрзнување на имотот на затворските службеници одговорни за третманот на Навални.

Имињата на санкционираните од ЕУ треба да бидат објавени во наредните денови.

Договорот за санкционирање на одговорните за смртта на Навални доаѓа откако рускиот лидер Владимир Путин на изборите кои Западот ги осуди како лажна, побара нов шестгодишен мандат.

Навални стана познат за време на масовните продемократски протести во Русија во 2011-2012 година.

На критичарот на Кремљ му беше забрането да се кандидира на претседателските избори во 2018 година поради пресудата за измама што САД и ЕУ ја критикуваа како политички мотивирана.

Му се слошило во август 2020 година на лет за Москва откако се сретнал со активисти во сибирскиот град Томск.

Организацијата за забрана на хемиско оружје, меѓународен надзорник, потврди дека во труењето бил користен нервен агенс од забранетата група „Новичок“.

Опозицискиот лидер беше префрлен во оддалечена арктичка затворска колонија кон крајот на декември од затвор надвор од Москва.

Во неговата последна објава на X, порано Твитер, на 14 февруари, тој објави дека е осуден на 15 дена во казнената ќелија по четврти пат откако пристигнал таму.

Извор: Еуроњус

Подготви: А. Василевска / новатв.мк