ЕУ со нов пакет санкции за Русија

Европска Унија денеска 13 пат воведе санкции кон Русија во пресрет на втората годишнина од инвазијата на Москва врз Украина, соопшти Белгија, која претседава со ЕУ.

Како што пренесува МИА, Нацрт-предлогот во кој имаа увид западни медиуми вклучува ограничувања на извозот на три кинески фирми за снабдување на руската војска и ставање на црната листа на севернокорејскиот министер за одбрана поради испорака на проектили во Русија.