Пратениците на Европската унија и земјите-членки постигнаа договор за ревизија на правилата на блокот за испорака на отпад и прекин на извозот на одредени видови отпад во трети земји кои не се во можност да го преработат правилно. Извозот на одреден неопасен отпад и мешавини ќе биде дозволен само во земји кои не се членки на Организацијата за економска соработка и развој кои ги исполнуваат еколошките критериуми за третман на ваков вид отпад. Во 2021 година, Европската комисија предложи нови правила за оваа сфера за да ѝ стави крај на праксата земјите-членки да се ослободуваат од отпадот преку извоз во посиромашни држави надвор од Унијата.

Прикажи повеќе