– Европската комисија го поздрави денеска постигнатиот привремениот политички договор меѓу Европскиот парламент и Советот на ЕУ за новата директива за заштита на новинарите и активистите за човекови права од неосновани обвиненија или тенденциозни судски постапки, јави дописникот на МИА од Брисел.

– Демократијата не може да функционира без слободни и независни медиуми, па затоа Европската комисија го поздравува политичкиот договор постигнат меѓу Парламентот и Советот, рано изутринава во 2:30, за новата директива за стратешките тужби против учество на јавноста (СЛАПП), што ја предложи Европската комисија во април2022 година, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на ЕК за внатрешни работи, миграција и внатрешна безбедност Анита Хипер.

Таа нагласи дека оваа директива ќе им овозможи заштита  на новинарите, заштитниците на човековите права или граѓанските организации од неосновани тужби и создава систем на моќни процедурални заштитни мерки за прекуграничните случаи на СЛАПП.

Прикажи повеќе