Евростат: Околу 4,3 милиони Украинци заминаа во земјите на ЕУ поради руската агресија

Околу 4,3 милиони луѓе кои не се државјани на Европската унија, а кои ја напуштиле Украина како последица на руската инвазија, добиле статус на привремена заштита во земјите на ЕУ до 30 ноември 2023 година, покажуваат податоците на Евростат.

Како што се наведува, граѓаните на Украина претставуваат 98 отсто од корисниците на некаква привремена заштита, односно азил, од кои 46,3 отсто се жени и 33,3 отсто деца, додека мажите сочинуваат 20,4 отсто.

Најголем број од овие луѓе има во Германија – 1,2 милиони (28,9 проценти), во Полска – 955.110 (22,3 проценти) и во Чешка – 369.330 (8,6 проценти).

Г. Т.