Нобеловата награда за физика за 2023 им е доделена на тројца пионери на атосекундна физика. Генералниот секретар на Кралската шведска академија на науки Ханс Елегран објави дека наградата ја добиваат Пјер Агостини (Франција/САД), Ференц Краус (Унгарија/Австрија) и Ан Л‘Улиер (Франција).

„Нивната работа демонстрираше начин да се создадат екстремно кратки импулси на светлината, што може да се користи за мерење на брзите процеси во кои што електроните се движат или менуваат енергија“, соопшти академијата.

Прикажи повеќе