Дир: 746. ден од војната во Украина, државата-терорист рф изврши 95 воздушни напади, на Украина критично ѝ треба снабдување со оружје и муниција

Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија во своја објава на Х напиша дека на 746. ден од војната во Украина, државата-терорист рф изврши 5 ракетни и 95 воздушни напади, 136 гранатирања, вкупно повеќе од 110 населени места на Украина беа под артилериски оган.

Таа додаде дека има починати и ранети, уништени станбени објекти.

„На Украина критично ѝ треба снабдување со оружје и муниција без ограничувања!“, заклучи Дир.

М. П.