На 64 годишниот скопјанец, кој е осомничен дека завчера ја предизвика трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загубија три лица од Косово, му е изречен притвор од два дена. Во меѓувреме се работи на целосно расчистување на сите околности за сообраќајката. Имено, туранот со скопски таблички поминувал цела колона возила во која се наоѓал и косовскиот автомобил, но во еден момент удрил во него и тој паднал во реката. По 24 потрага доцна вчера косовското возило беше пронајдено, а во него беа пронајдени трите тела на загинатото семејство. Еден од синовите успеа да се спаси непосредно по излетувањето во Лепенец. /Алсат.мк

Прикажи повеќе