Во експлозија во индустриска фабрика североисточно од Москва повредени се 25 лица, јави Cи-Ен-Ен.

Експлозијата се случила во фабриката „Загорск“ во градот Сергиев Посад, која исто така произведува опрема за војската.

Наводно, експлодирал магацин со пиротехника, што една фирма го ангажирала од фабрика. Две повредени лица се пренесени во болница.

Прикажи повеќе