Кошаркарите на Голден Cтејт Вориорс ја комплетираат листата на полуфиналисти во двете конференции во НБА лигата. Актуелните шампиони седмиот меч во Сакраменто го добија со 120:100. Сакраменто Кингс по пауза од 17 години се вратија во пелјофот, но не успеаја да го елиминираа шампионот. Голден стејт го има најдобриот шутер во историјата на лигата, Стеф Кари, кој со 50 поени им пресуди на „Кралевите“. Ова е најголем број на поени во историјата на лигата кога се во прашање мајсторките. Покрај тоа, осум скока и шест асистенции за 37 минути на паркетот.

Најголема поддршка му даде Кевон Луни со 11 поени и 21 скок. Тоа е негов трет натпревар во овогодинешниот плеј-оф каде има 20 или повеќе скокови.

Ендрју Вигинс додаде 17 поени, Томпсон имаше 16 на само четири пати погоди од поле од 19 обиди. Кај Сакраменто најефикасен беше Домантас Сабонис со 22 поени, осум скока и седум асистенции, Фокс додаде 16 со шест асистенции, а Малик Монк (9 скока, 4 асистенции) и Теренс Дејвис имаа по 14 поени. Голден Стејт во полуфиналето ќе играат против ЛА Лејкерс.

Прикажи повеќе