Висоцки: Украинците се борат и за нашата слобода

Она што овде сведочиме е она што Русија го направи бидејќи се обиде да го смени светскиот поредок и тоа беше еден предизвик кој што ги пречекори основините принципи на човештвото. Полска уште од првиот ден пружа воена и хуманитарна помош на Украина, изјави заменикот на полскиот амбасадор Пјотр Висоцки, на конференцијата „Украина – Две години хероизам“.

Продолжуваме да обезбедуваме помош за Украина се додека не се постигне победа над рускиот агресор. Денес, две години од инвазијата, можеме да видиме дека војната навлегува во својата критична фаза. И покрај сите предизвици со кои што се соочува Украина на фронтовите треба да се сетиме на ова: Украина ја сопре руската воена машинерија, Украина врати 50 отсто од својата територија. А, треба да се сетиме и руските воени злосторства кои започнаа уште од првиот ден. Ние сме свесни дека тие се борат и за нашата слобода, посочи Висоцки.

Д. Т. 

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Биљана Јордановска