Висоцки: Ние сме свесни дека тие се борат и за нашата слобода

Пјотр Висоцки, заменик амбасадор на Република Полска, конференција „Украина: Две години хероизам“ ( 26 февруари, 2024 година).

Она што овде сведочиме е она што Русија го направи бидејќи се обиде да го смени светскиот поредок и тоа беше еден предизвик кој што ги пречекори основините принципи на човештвото. Полска уште од првиот ден пружа воена и хуманитарна помош на Украина.

Продолжуваме да обезбедуваме помош за Украина се додека не се постигне победа над рускиот агресор. Денес, две години од инвазијата, можеме да видиме дека војната навлегува во својата критична фаза. И покрај сите предизвици со кои што се соочува Украина на форнтовите треба да се сетиме на ова: Украина ја сопре руксата воена машинерија, Украина врати 50 отсто од својата територија. А, треба да се сетиме и руските воени злосторства кои започнаа уште од првиот ден.

Ние сме свесни дека тие се борат и за нашата слобода.