Високи претставници на Турција на безбедносен состанок во Ирак

Турските министри за надворешни работи и за национална одбрана, Хакан Фидан, односно Јашар Ѓулер, како и шефот на разузнавачката служба на Турција (МИТ), Ибрахим Калин, денес присуствуваат на безбедносен состанок со претставници на ирачките власти во Багдад.

Од Агенцијата Анадолу информираат дека состанокот ќе се фокусира на безбедносната и воената соработка, како и на искоренувањето на присуството од терористичката организација ПКК во Ирак, приоритетна цел поставена од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турција исто така планира да ги зајакне своите односи со Багдад преку развојниот проект за патишта Туркије-Ирак.

Со имплементацијата на овој проект, Ирак има за цел да го скрати времето на патување меѓу Азија и Европа преку територијата на Турција со големото пристаниште „Ал Фав“ – првата фаза од проектот за развој на патиштата кога ќе стане транзитен центар.

Железничката пруга и автопатите од проектот во должина од 1.200 километри ќе го поврзуваат пристаништето, кое треба да биде најголемото пристаниште на Блискиот Исток. Планирано е да се заврши до турската граница до 2025 година со очекувана цена на чинење од 17 милијарди долари.

На состанокот во Багдад ќе се разговара и за енергетските прашања. Во овој контекст, ќе се оценува унапредувањето на ресурсите на природен гас во Ирак и нивната испорака на меѓународните пазари и продолжувањето на работата на нафтоводот Ирак-Туркије.

Исто така се очекува и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го посети Ирак во април оваа година.

По завршувањето на контактите во Ирак, министерот Фидан се очекува вечерва да замине за Баку, Азербејџан.

Х. Сулејман