Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала вчера е регистриран во Јужна Калифорнија, во 14:41 часот по локално време, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Земјотресот во Јужна Калифорнија е регистриран кога во овој дел од САД пристигна и тропската бура „Хилари“.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки институт, епицентарот на земјотресот бил во областа северно од Лос Анџелес, а потресите ги почувствувале жителите во голем дел од јужната област на оваа американска сојузна држава, додека се подготвувале за да се заштитат од евентуални поплави предизвикани од тропската бура.

Прикажи повеќе