(ВИДЕО) Путин во паника, Русите чекаат во редици за поддршка на опозицискиот претседателски кандидат Надеждин

Илјадници луѓе ширум Русија стојат во редица на ниски температури во текот на викендот за да ги додадат своите потписи за поддршка на кандидатурата на опозицискиот политичар Борис Надеждин како противкандидат на Путин на претседателските избори во Русија во март 2024 година, објави Новајагазета.еу на Инстаграм.

Политичарот, кој беше номиниран од либералната партија Граѓанска иницијатива, бара потписи од 100.000 руски граѓани за да се квалификува како официјален кандидат и да се кандидира против рускиот претседател Владимир Путин во март.

И покрај снегот и ниските температури, луѓето чекаа три часа во редици за да ги достават своите потписи во градовите низ Русија, пишува на инстаграм профилот на Новајагазета.еу.

И телеграм каналот SOTA сподели видеа и слики од долгите редици во во градовите низ Русија, Москва, Санкт Петербург и Екатеринбург каде покрај снегот и ниските температури, луѓето чекаа три часа во редици за да ги достават своите потписи .

Како што предходно објави порталот Новајагазета.еу, тимот на либералниот политичар Борис Надеждин во вторникот објави дека успешно собрал 100.000 потписи потребни за напредување на неговата кандидатура на претседателските избори во Русија во март во следната фаза.

Сцените без преседан на Русите кои трпеливо чекаат ред во големите градови низ Русија за време на викендот, огромно го зајакнаа профилот на Надеждин, при што лидерите на јавното мислење, вклучително и политичарите Михаил Ходорковски и Максим Кац, ја изразија својата поддршка од далечина.

До вторник напладне, кандидатурата на Надеждин доби 101.607 потписи за поддршка од руските граѓани, иако Надеждин му порача на персоналот на кампањата да продолжи да собира потписи додека не достигне 150.000. Откако ќе се соберат, потписите мора да се достават до Централниот изборен комитет (ЦИК) на проверка.

„Веќе собравме 101.000 потписи, но тие не се совршени. Треба да доставиме 105.000 беспрекорни потписи до ЦИК за кои тие не можат да најдат грешка, поради што треба да собереме што е можно повеќе“, напиша Надеждин во вторникот на својот канал Телеграма.

Извори од тимот на Надеждин потврдија за независните медиуми Медуза и Дожд дека потписите што ги имаат во моментов се недоволни бидејќи многумина нема да ги задоволат строгите критериуми на ЦИК и најверојатно ќе бидат отфрлени како „неисправни“.

Надеждин се нарече себеси принципиелен противник на рускиот претседател Владимир Путин, чија политика ја обвинува за „влечење на Русија назад во минатото“.

Остриот критичар на војната во Украина, Надеждин во својот манифест тврди дека:„Ниту една од нејзините цели не е исполнета и нема да биде без огромна штета за економијата и непоправлив удар за руската демографија“.

Драган Мишев