Повеќе од 50 китови угинаа неколку часа откако се насукаа на брег во Западна Австралија.

Плажата се наоѓа на околу 400 километри југоисточно од Перт, а вкупниот број на китови кои се насукале бил околу 100.

„За жал, 51 кит угинаа во текот на ноќта по масовно насукување“, соопшти Службата за паркови и диви животни на Западна Австралија.

Оттаму соопштија дека заедно со волонтери работат да ги спасат останатите китови кои преживеале. Од Службата побараа и од граѓаните да не доаѓаат на плажата бидејќи имаат доволен број волонтери.

Апелот го испраќаат предупредувајќи на низа опасности, како што се присуство на големи и вознемирени китови, потенцијално болни китови, како и присуство на ајкули.

Пред десетина дека сличен случај имаше и во Шкотка каде угинаа 55 китови кои исто така се насукаа во близина на плажа.

Прикажи повеќе