(ВИДЕО) Огромен пожар кај аеродромот во Санкт Петербург, локалните власти тврдат дека причината е беспилотно летало

Аеродромот Пулково во Санкт Петербург, Русија, беше затворен во неделата, на 10 март, откако се запали хангар, кој се прошири на вкупна површина од 1.000 квадратни метри, јавија локалните (руски) власти. Според нив, соборен е дрон.

Други извори наведуваат дека продолжува огромен пожар во близина на аеродромот Пулково во Санкт Петербург, најверојатно предизвикан од системите за воздушна одбрана кои, наводно, собориле беспилотно летало. Пожарот ги ограничи авионските летови на аеродромот.

Според државната МИА, се работи за пожар кој зафатил 100 квадратни метри, што е десет пати помалку. Таа вест е пренесена од голем број медиуми, меѓу кои и на ЦИВИЛ, што е погрешно.

ЦМТ