Според последниот извештај, најмалку три лица загинале, а илјадници се евакуирани од своите домови по разорните поплави што го погодија северниот дел на италијанскиот регион Емилија Ромања, соопштија денеска властите, предупредувајќи дека ситуацијата може да се влоши.

„Врнежите не се завршени, ќе траат неколку часа. Се соочуваме со многу комплицирана ситуација“, соопшти Агенцијата за цивилна заштита, пренесува Ројтерс.

Италијанските медиуми објавија дека најмалку четири лица се водат како исчезнати, едно во Чезена и три во блискиот Форли.

Прикажи повеќе